После формирањето на фејсбук групата “Битолски проблеми“ од локалната власт се формира контра фејсбук група со име “Решени битолски проблеми” каде сите посочени недостатоци се решаваат моментално и веднаш има фотографија од лице место, со пред и после, само заради поголема веродостојност и автентичност на решениот проблем.
Во прво време битолчани мислеа дека се работи за фотомонтажа заради што се упатуваа на лице место и правеа селфи со навистина решениот проблем.
Ситуацијата замина до тие граници да проблемот и пред да настани се предвидува и веднаш започнува со негово решавање со што и се загрозува опстојувањето на оваа група за Битолски проблеми.
Како дел од локалната власт е врвен светски експерт за успех, Брајан Трејси кој најверојатно е дел од и оваа група и знае како да се стане покреативен со употреба на неговите сознанија и искуства.
Тој и во неговата книга ни ги открива 21 докажани техники што можете да ги примените веднаш за решавање на проблеми и да почнете да добивате исклучително продуктивни идеи.
Со цел за справување на новонастанатата ситуација фејсбук групата Битолски проблеми започна со нејзино само распуштање и мирување до доаѓање на некоја друга неспособна градска власт.