На уштипци кај Џими во Кравари

На гледање кај Славе бајачо во Кравари

На кафе кај Бојан во Оптичари

На Бостанфест кај Гоце во Егри

На крапче во рибнико Жабени

На посета во Кромберт и Шуберт, а можи и на работа.

На слава кај црквичето св.Петар и Павле

Арома терапија кај Петтио Канал. Лечи од сите болести.

За да се повозите прв пат со воз. Многу досега и се немат возено.

Ако со истиот воз до Скопје понекогаш се патува 8 часа, голема е веројатноста истото и тука да се случи. Така може и да започне голема љубовна романса.

п.с. Најтрагично од се е шо немаме ниту еден тунел да напрајме забава и чочек како луѓе…