Кафеавата мечка (Ursus arctos L.) е најголемото диво животно присутно во Република Македонија. За разлика од останатите крупни диви животни, таа е мошне прифатена и популарна помеѓу луѓето, за што сведочат и резултатите од истражувањата на човековиот став спрема крупните ѕверови. Тоа е вид со бројни побарувања во поглед на стаништето, вклучувајќи потреба од јадрови подрачја кои се поврзани меѓусебно со еколошки коридори, идеално сместени во рамките на традиционално искористуваните предели каде доминираат пасиштата и тревопасните животни. Врз основа на ова може да се заклучи дека присуството на витална популација на кафеава мечка може да биде добар индикатор за општата состојбата на екосистемот и достапноста на условите од кои имаат корист крупните ѕверови, како волкот, рисот, и многу други животни и растенија.

Вчера, точно на пладне!

Од проектот: „Поддршка за подобро управување со заштитените подрачја ..“, ЦеПроСАРД и НП Пелистер (финансиран од ЕУ, спроведен од УНДП и МОЕПП).

НП ПЕЛИСТЕР