Неделните извештаи се прикажани според одделните параметри PM10, PM2.5 и PM1 и според локациите на кои има поставено сензор за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Целта за објавувањето на овие Извештаи е од една страна, граѓаните да можат да се информираат за мерењата на сензорите во областа каде што живеат, а од друга страна, надлежните да можат да ги анализираат и да носат заклучоци за тоа какви мерки ќе превземат за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.
Според анализата на овие графикони може да се забележи дека во измината недела нивото на загаденост имаше драстично зголемување во Неделата во текот на целиот ден (најголемо зголемување на мерната станица во Баир во 20:00 часот дури до 690 mg/m3). Мерните станици во Бадембалари, Јени Маале и Баир беа со повисоки вредности, а Декорпод, СН Центар и Општина Новаци со релативно пониски вредности.
Од овој неделен извештај се прикажуваат и податоците од државната мерна станица Битола 2, како и нашата 9-та мерна станица која е инсталирана на Општинската зграда во Новаци.
Покачувањето на вредностите на параметрите е забелажано во утринските и вечерните часови после 16:00 часот. Секој од Вас може да си направи сопствена анализа врз база на овие графикони и да се информира каков воздух дишел во изминатата недела. Моменталните вредности и предвидувањата за наредните 24 часа можете да ги следите на: https://airly.eu/map/en/
или на мобилната апликација:
Android: https://play.google.com/store/apps/details…
iOS: https://itunes.apple.com/us/app/airly/id1283400152
Сите дишеме ист воздух 📈📊📉