Новата работна недела ќе ја започнеме со релативно стабилно, суво и топло време иако во текот на попладневните часови во северозападните планински предели има услови за сосема краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.
Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повремено и локално ќе засилува по интензитет.
Максимумот на температурата на воздухот ќе се искачува во интервалот од 27 до 35 степени.
Во Битола и битолско во текот на утрешниот вторничен ден под влијание на нешто понестабилна воздушна маса која ќе се спушти од северозапад ќе услови повеќе облаци над македонското небо.
Ќе има и локална нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите можно е да бидат нешто поинтензивни и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град како и позначително количество на воден талог за кратко време.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец кој локално ќе засилува на интензитет додека навечер особено на север ќе започне да дува северен ветер со што од север ќе започне спуштање на посвеж воздух.
Во среда на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе услови пад на температурите на воздухот и истите во среда ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени а времето ќе биде сончево со умерен локална облачност а само на планинските места има услови за сосема локален краткотраен дожд.
Во четврток доцна попладне и рано навечер особено на запад и на исток и тоа на планинските места и на оние на селени места кој се во близина на планините има услови за нестабилност. Ветерот ќе продолжи да дува и понатаму што значи повторно на повеќе места ќе биде умерен до зассилен и од северен правец додека максимумот на температа ќе се искачува во интервалот од 25 до 33 степени.
Барем одсега гледано петок ќе помине во знакот на претежно стабилно, суво и сончево време, а ветерот од северен правец ќе го намали својот интензитет и ќе биде умерен особено долж Повардарието.
За време на викендот – поточно сабота ни носи претежно стабилно време иако навечер на север има услови за сосема краткотраен дожд, а ќе започне да дува и западен ветер кој ќе засилува по интензитет додека маскимумот на температурата ќе се искачува во интервалот од 26 до 34 степени.
Според моменталните податоци и анализи во недела нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови на повеќе места локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер а можна е и локална појава на град додека максимумот на температурата ќе се искачува во интервалот од 27 до 35 степени додека нешто посвежо со пониски температури ќе остане на запад и на северозапад.
НАПОMEНА: Поради тоа што се работи за неделна анализа и за прогноза за период од седум дена некои промени на истата се можни па затоа РЕДОВНО следете ги нашите нови анализи за да нема ЗАБУНИ.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.