Нашиот најмлад мотокросист Антонио Дамјановски од Битола со неговите 14 години веќе е 3 години шампион на Македонија, а оваа година го нема на листата за ваучери за активен спортист.
„Како секоја година така и оваа на Антонио не му е доделен ваучер за активен спортиста и шампион на Македонија. Неколку години распоредбата на ваучери ја врши Зоран Трајковски, претседател на мотоциклистичка федерација на Македонија кој е воедно претседател на МК МОТОРИ, на кој им е доделена најголема сума за ваучер“… ни пренесе неговиот татко Петар Дамјановски.
Дали Моторциклистичката Федерација на Македонија потфрлува во поддршката на нашите млади мотокросисти или станува за некоја систематска грешка, најдобро ќе оставиме времето да покаже и се надеваме дека ќе се исправи неправдата која е нанесена.