Нашиот легендарен спортски новинар денес одбележа 25 години професионална кариера

од August 31, 2019 0 коментари

Битолчанецот Зоран Мишевски денеска одбележува 25 години од неговата професионална работа и 25 години од неговиот ангажман во ТЕРА ТВ.

Тој е спортски новинар, и еден од ретките кој нема спорт за кој не информирал, нема спортски терен во Македонија, во Европа, па и пошироко, на кој тој не бил и од каде не известувал.

Известувал од сите големи спортски приредби, рекордер е по бројот на натпревари од италијанската Серија А на лице место, а ги истакнува интервјуата со Мишел Платини, Новак Ѓоковиќ и Еден Азар како посебни постигнувања.

“Денес одбележувам 25 години од мојата професионална работа и 25 години од мојот ангажман во ТЕРА ТВ.

Наместо честитка, издвојте една моја професионална карактеристика

Благодарност до сите!..”

… напиша на неговиот фејсбук профил.

Честитки и од нас Мишевски и без твоите известувања за Тера и Гол.мк би биле навистина многу спортски посиромашни.

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *