Моето име е Медисон Ристевски. Јас сум од 4-та австралиска генерација со македонско потекло и моментално сум на 11 година студии на Меѓународната Гимназија Илавара во Волонгонг.

Како дел од моите студии, треба да го завршам проектот во заедницата кој има за цел да го направи светот подобар. Избрав да ја фокусирам мојата енергија на средното медицинско училиште во Битола.

На неколку пати ја посетив Македонија по што сфатив дека сме благословени да живееме во Австралија, земја каде што здравјето, образованието, демократијата и квалитетот на животот се сметаат за еден од најдобрите во светот.

Во текот на минатата година посетата на Медицинското училиште во Битола требаше да биде возбудлив настан. Одлична можност да се доживее од прва рака еден ден во животот на еден студент во клучна образовна институција. Наместо тоа, до крајот на денот, бев изморена и беспомошна во врска со состојбата на тинејџерите со кои се соочував секојдневно. Ѕидовите и таваните на нивниот образовен објект беа покриени со мувла. Тоалетите беа искршени, протечени и непријатниот мирис беше забележлив од моментот кога ќе влезете во нив.

Се прашував гласно зошто повеќе не се прави за да се обезбеди приоритет на објектите за идните генерации. Имав повеќе разговори со официјални лица од различни потекла и професии. Оттука научив дека проблемите на неразвиените нации се комплексни – мешавина на политички, социјални, културни и финансиски фактори кои ги комплицираат едноставните работи што ние во развиените земји ги земаме здраво за готово. Ова, заедно со сложената историја на Македонија, ме натера да разберам дека работите и не се така едноставни како што кзгледаат.

Моето искуство е дека децата учат од дома, од заедница и државата. Ако има мала инспирација дома, голема депресија на заедницата и бројни сложени проблеми со кои се соочува една земја, како ќе растат децата, како ќе просперираат тука и ќе ги остваруваат своите соништа?

Сфаќам дека проблемите што ги допрев погоре се премногу големи за да се решат сами. Исто така знам доволно за да разберам дека сите големи проблеми се всушност збирка од многу помали. Користејќи го овој пристап, јас сама ќе се обидам да направам мала промена за овие студенти со обид да ги поправам нивните тоалети. Допрев до неколку реномирани градежни компании во Битола за да добијам цена и да ја проценам големината на задачата која ја имаме. Директорот на училиштето разговарал со Градоначалничката која се согласил да се потпише за да се реновира откако ќе се потврди дека е достапно финансирање.

Мојата амбиција е да покажам дека има решенија и се надевам дека ќе работиме на креирање на национален план за да им помогнеме на сите училишта во Македонија да постигнат добар стандард во тоалетите кои им се на располагање.

Сумата која ја побаруваме е околу 20.500 евра што е еднаква на 32.796 австралиски долари, за целосно ги реновираме сите тоалети. Чекаме од другите да ја ажурираат конечната цена.

Ние предлагаме да ја завршиме работата подолу во следниот редослед зависно од бројот на собрани средства:

Машки и женски студентски тоалети на ниво 1
Студенти заеднички тоалети на приземје
Студенти заеднички тоалети на ниво 2
Наставници заеднички тоалети на приземје
Наставници заеднички тоалети на ниво 1

Ако успееме да го подигнеме целокупниот износ, ќе овозможиме и цртање на графити на остарените и оштетени надворешни ѕидови.

Средствата ќе се чуваат во доверба се додека работата не започне и ќе се објавува секој напредок.

Ви благодарам на сите за вашата поддршка, ве молиме имајте на ум дека најмалата донација ќе му помогне на овој проект да заживее.


До сега се донирани 20. 000 $ од потребните 30.000 $…

Донирајте тука на следниот линк:

https://www.gofundme.com/cents-for-sanitation-bitola-medical-school?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=fb_dn_cpgnsharemore_r.

Медисон Ристевски (16) инаку е по потекло од с. Скочивир, општина Новаци и заедно со нејзиниот татко Џим Ристевски и нивната OUTSOURCE TO MACEDONIA компанија се големи донатори за Битола и Македонија.