Во ек е сезоната на боровинки. Искористете ги дур ги има и направете си вкусно слатко од боровинки.

Овој рецепт е за 2 кг слатко и буквално секој може да го направи.

Состојки

2 кг боровинки

1,2 кг шеќер

сок од 1 лимон

Припрема

Прво боровинката се мие и треба да е убаво исчистена од ливчиња и гранчиња.
Се редат во тенџере, ред боровинки, ред шеќер, ред боровинки, ред шеќер итн. и се ставаат да варат. Нека варат околу половина час, промешувајте од време на време. На крајот додадете сок од 1 цеден лимон и жешкото слатко ставајте го во тегли и веднаш убаво затворете ги.

www.macedoniancuisine.com