Заврши најмасовниот турнир Пандев Куп
По втор пат на највисоко ниво со над 1500 дечиња од 8 до 12 години и голем број на фудбалски натпревари, се одржа Пандев Куп 2019. Четири дена од 27 до 03 март на терените во Струмица и Дојран учество зедоа фудбалерчиња во генерациите 2006, 2007 и 2008.
Претходно на турнирот исто така во четири денови учествуваа и помалите, родени 2009 и 2010 година. На вториот по ред Пандев Куп учествуваа над 70 екипи од Македонија, Србија, Бугарија.
Големиот број на екипи го потврдува и фактот дека овој Пандев Куп под водство на најдобриот фудбалер од Македонија на сите времиња Горан Пандев, ќе прерасне во традиција и го добива епитетот за најмасовен и најсилен турнир. Четири денови исполнети со фудбал и дружење на децата на терените и надвор од нив.
Редослед на најдобро пласираните:
Генерација 2006
Прво место: ФК Академија Пандев
Второ место : Е.Н.Е. Битола
Трето место: ФК Победа Прилеп
За најдобар играч на турнирот беше избран Филип Митев од ФК Академија Пандев, додека наградата за најдобар голман ја доби Дарио Велески од екипата на Е.Н.Е Битола
Генерација 2007
Прво место: ФК Пелистер
Второ место: ФК Работнички
Трето место: Еуроспорт
За најдобар играч во генерација 2007 беше избран Дарко Димитровски, а најдобар голман Александар Балев
Генерацијата 2008
Прво место: ФК Вардар
Второ место: Талент – Битола
Трето место: ФК Академија Пандев
Најдобар играч во оваа генерација беше Матео Ќесич од редовите на ФК Вардар, додека најдобар голман Лука Грчевски исто така од екипата на ФК вардар.
Турнирот Пандев Куп 2019 беше поддржан од Фудбалската Федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт како и општина Струмица и општина Дојран.
Честитки за сите учесници што настапија на најмасовниот турнир како и за прикажаната игра на фудбалските терени. Веќе ова лето На Пандев Куп 2019 ќе земат учество 96 екипи од повеќе земји во повозрасни категории.
Пандев Куп