Пред 3 години, на 87 годишна возраст, почина Мајк Илиќ, еден од најбогатите Македонци во светот. Веста ја објавија локалните медиуми во Детроит, каде што тој беше исклучително угледен граѓанин.
Мајк Илиќ (Илиевски, Илиев, за време на СХС Илич/ќ) е роден во 1929 година во САД, и по потекло е од Македонија, поточно с. Драгош битолско. Неговите родители беа македонски емигранти кои пристигнаа во САД во 1924 година.
Мајк успеа да создаде своја сопствена продавница која подоцна се претвори во успешна франшиза наречена „Little Caesars Pizza“ која денес е многу позната во Америка и Канада. Тој исто така е сопственик на хокеарскиот клуб Ред Вингс, бејзбол тимот Тајгерс и 15% од НБА тимот Пистонс, сите од Детроит, Мичиген.
Успехот со „Little Caesars Pizza“, му помогна на Илиќ да инвестира во други бизниси за храна, спорт и забава.
Списанието „Форбс“ го стави на 86-то место на листата 400 најбогати Американци во 2016 година. Неговото богатство се проценува на околу шест милијарди долари.
Извор и повеќе ТУКА