На 8 февруари 2020, во Хотел Театар, Битола, се одржа Националната конференција ,,Вовед во слободарство” организирана од Студенти за слобода – Македонија, која е дел од мрежата Европски студенти за слобода.
Конференцијата имаше за цел да ги запознае учесниците со Студенти за слобода и нивната работа, да им даде вовед во идејата на слободарството или либертаријанизмот, како и да ги престави симболите и ликовите преку кои е олицетворена идејата. На конференцијата присуствуваа окколу 50-тина учесници кои имаа можност да ги слушнат говорниците, да постават прашања, како и да се вклучат во дискусија.
Говорници на конференцијата беа:
Kevin Flanagan Coombes, кој зборуваше за мисијата на Студенти за слобода – да едуцира, развива, и да ја оспособи идната генерација на слободарски лидери,
Проф. Д-р Горан Илиќ, кој ја објасна суштината на слободарството или либертаријанизмот, етимологијата – од Вилијам Белшам до Роберт Нозик, различните правци на либертаријанимот како Анархо-капитализам, минархизам, лев и десен либертаријанизам, и за што се залага либертаријанизмот: Laissez-faire капитализам, слобода на избор, спонтан поредок, и основниот принцип – Слобода.
Проф. Д-р Бошко Караџов, кој ги објасна симболите на либертаријанизмот, започнувајќи со историјата на симболите, дефиницијата :”A symbol is a visual image or sign representing an idea – a deeper indicator of an universal truth.”, потоа со ликот на Ден Браун – Роберт Лангдон, политички симболизам (знамиња, логоа, бои), уметнички слики кои ја опфаќаат идејата на либертаријанизмот како “The Polling” од William Hogarth и “Liberty Leading the People (La Liberté guidant le peuple)” од Eugène Delacroix, “Статуата на Слободата”, “Ama-gi” логото, и ликови како Bastiat, Ayn Rand, Mises.
Игор Трпчески, актер и режисер, кој имаше поетски настап, читајќи лична слем поезија, поезија од други автори, оригинална cover песна преведена на Македонски, преку кои го прикажа слободарството од уметнички аспект, и им подари на сите заинтересирани учесници бесплатни збирки од слем поезија.
Пред крајот на конференцијата беше прикажан The Terrible Truth (1951) – краток филм за тоа како власта користи пропаганда да ги манипулира граѓаните да живеат во страв и потчинетост, како и да наметне став за определени работи.
По официјалниот дел, следуваше коктел забава во барот на Хотел Театар, каде учесниците имаа можност да се запознаат меѓусебно, да разговараат околу заедничките интереси, темите на конференцијата и секако импресии од настанот.