Пролетна Битолска променада
НА МУЗИКА КАЈ БОЦКИНО!
И додека Боцкинот, вистински виртуоз со неговата виолина исполнува музика за сечиј вкус, многу стари битолчани се прашуваат зошто оваа музика од овие прекрасни и летни вечери се интерпретира во затворени простории на ресторанот “Корзо”. а не во летната бавча на Тумбе кафе каде може да се доживее романтичниот амбиент, онаков
каков што бил во времето на вистинската ренесанса на овој град.Културниот живот на Битола и битолчани севкупно Го сочинуваат и познатите ресторани, во кои во вечерните часови се слушаат звуците на народната, забавната и класичната музика. Битолчани одамна се познати лубители на
добрата пијачка, но исто така големи обожаватели на убавата музика.
Тие секогаш вечерните часови ги имаат минато и ги минуваат шетајки низ познатото “Корзо” на градскиот парк, за да на крај се вратат во некој од рестораните со
убава музика. Вака е и оваа пролет. Рестораните и кафаните се преполни и тешко е да се најде место за некој закаснет посетител. Се пие (во границите на,
дозволеното) и се развива дикусија за разновидни теми.
Терасата на хотелот “Епинал” секоја вечер е преполна како и терасата на ресторанот “Корзо”, каде што по сите кажувања има добра музика, музика по сечиј вкус. Овде свири Боцкино со неговата тајфа (кажано по битолски) .
Овој виртуоз на виолина е во состојба да изведи секаков вид на музика :народна, забавна и сериозна и грчка,
заради оваа причина е атрактивен за посетителите. Тој е баран како во Битола така и во туристичките центри на приморјето, но тој им останува верен на своите битолчани. Поточно од оваа причина двата локали на овој ресторан до касните вечерни часови се преполни со гости. Но доколку престојуваш меѓу овие.
посетители, особено меѓу оние средовечните ке го слушнеш нивното мислење, а потоа и протестот зошто оваа музика не се изведува во летната бавча на Тумбе кафе каде има прекрасно опкружување , ширина и амбиент, туку во центарот на градот и така му пречи на оние кои одлучиле овие часови за одмор да ги минат.
Имаат право, затоа што во овие прекрасни вечерни часови Тумбе кафе со својот прекрасен амбиент со расцветаните липи и багреми пружаат услови за одмор и рекреација и е вистински рај за обожавателите на природата и добрата музика, за оние што сакат убаво да ги поминат вечерните часови во природата и да соберат сила за наредниот ден.На Битола и битолчани природата им дарувала се што имала и што можела, но како ќе се користи таа зависи од самите битолчани, особено од оние што го организираат забавниот живот во градот.
Од друга страна, ваквата организација на ноќниот живот може да има уште едно доста големо значење. Навистина Битола како крстопат на патиштата кои водат кон нашите туристички центри Преспа и Охрид како и оние меѓународните
што водат до соседна Грција, патниците можат да останат во Битола каде по посетата на значајните споменици на Битола ќе им се понуди и пријатен престој и сето ова севкупно е битно и за финансиското работење на хотелските работни организации “Македонија”.
Новинар: Кенан Хасани
Текст испратен од Слободан Димитров