Пред три години на овај датум 22.02.2016 г. бевме на гости во Офицерски Дом Битола, во резиденцијата која со градење ја започна големиот битолски добродетел Абдул Керим Паша, но истиот не дочека да ужива во нејзината убавина. Негов близок другар беше познатиот Мустафа Кемал Ататурк кој за него во еден здив ќе речеше :
“Абдул Керим Паша имаше свој посебен индивидуален начин на зборување и пишување. Тоа го правеше со искрена елоквентност, со што створи голем углед во неговото време. Hо, исто така поседуваше и редок дар за убедување”…