Стоковната куќа Јавор од Битола е дело на познатите битолски архитекти Сотир Шундовски и Станко Буторац. Буторац по дипломирањето се вработил во Проектанското биро “Нова градба”, во Битола кое во 1974 година се интегрира со “Заводот за урбанизам и стаж проектирање” и тука работел cé до исполнувањето на својот активен работен во 1997 година, кога е пензиониран. (Битолчанецот кој ја проектира цела модерна Битола, Станко Буторац наш текст)
Јавор беше архитектонското чудо на југословенските простори во далечната 1975 година. Според периодичната пресметка за трите месеци од 1972 г. објавени во “Битолски весник” претпијатието “Јавор” бележеше интензитивен раст кој изнесуваше 47 милиони динари, а во 1973 г. е зголемен за 52 отсто, а сето тоа било постигнато со намалени трошоци.
Маржата беше 8 проценти и најмала во Југославија која изнесува 14 отсто, а во Македонија просекот е 12 проценти. Во тој период “Јавор“ имал 165 вработени, во 1973 г. бројот изнесува 230 лица, а со отворањето на новата стоковна куќа на улицата “Иван Милутиновиќ”, тој број ќе биде зголемен. (1975 г. )
Со остварената реализација во 1972 година “Јавор” бил замислете 5-ти на ранг-листата на претпријатија во СР Македонија, а во својата групација железарија и градежни материјали бил на високото прво место во Македонија.
“Јавор“ имал највисок процент на издвојување за фондови во Републиката 35 проценти за лични доходи, а 65 проценти за фондови. (објавено на 8 април 1973 г. Битолски Весник)
Постоечкиот архитектонски објект, стоковната куќа „Јавор“ во Битола, е дел од колективната меморија кај населението од овој град, и е централен сегмент во ланецот на стоковни куќи изградени во Битола во почетокот на ХХ век (1975 год.) и припаѓа на модерната архитектура. Со својата местоположба во централното градско подрачје, во непосредна близина на старата битолска чаршија, објектот претставува значаен јазол во кој се преплетуваат многу културни слоеви и времиња, и е изграден аналогно на другите стоковни куќи во тоа време. По својата надворешност објектот е олицетворение на модернизмот, а низ него се чувствува и влијанието на објективизмот, кој како начин на мислење го негира таканаречениот „формален модернизам“, правец кој се борел против прекумерната употреба на современите градежни материјали и технички откритија.
Објектот има вкупно пет нивоа – катови: подрум, приземје, прв и втор кат како и трет кат кој денес не функционира. Во својата внатрешност објектот е поделен на два дела: трговско-услужна дејност и административно-технички дел, кои се наоѓаат на сите нивоа, освен третиот кат кој е недостапен.
Во своето долгогодишно постоење објектот доживеал повеќе функционални организации на просторот – од отворен пејзажен карактер, до денешната расцепканост – поделеност на повеќе инцидентно изведени локали со трговска и угостителска дејност, кои се парцелизирани со преградни паравани кои и функционално и естетски го нарушуваат амбиентот на внатрешната организација на просторот. (дипл. инж. Ивона Милошевска за Порта 3)
На денешен ден 5 Март 1975 г. во присуство на големи битолски и македонски функционери беше пуштена во употреба Стоковната Куќа Јавор која за тоа време имаше најмодерни ескалатори, лифтови, кафетерии, канцеларии и изложбени салони во Македонија и Југославија, од кои ден денес можеби 20 проценти и помалку ја имаат истата функционалност. (сведоштво на Златка Лозановска, поранешна вработена)
Стоковната куќа Јавор е синоним за успешноста и подемот на Битола пред точно 45 години. Јавор сега ни е нем сведок на едно модерно и успешно време кое го доживеа нашиот град, но во исто време ни е потсетник на нашето стагнирање бидејќи после него и во денешните модерни времиња Битола нема ниту еден Сити Мол или голема модерна стоковна куќа како по примерот на многуте големи градови во Македонија и околните земји.