Планинарскиот дом Копанки е изграден далечната 1938 година, реновиран помеѓу 1960-70 година од многу битолски планинари, но пред се од Планинарското друштво “Пелистер”. Се наоѓа на 1.600 м.н.в. на северната страна на планината Баба или популарно Пелистер (според врвот висок 2601.

Домот беше двокатна куќа, изградена во цврста градба од камен, малтер и дрво. Домот нудеше 100 легла распоредени во 12 повеќе-креветни и помалку-креветни соби. Имаше струја, вода, санитарен јазол, имаше трпезарија и бифе за пијалоци и основни продукти.

Изгоре во пожар на 28-ми јануари 2013 г.

Новата локална власт на Општина Битола по иницијатива на Поинаку и ПСК Пелистер одвоија средства во новиот буџет за 2022 г. за негова реконструкција.

Инфо Национален Парк Пелистер

Фотографии ДПД Пегаз