На 14.09.2023, Камерниот оркестар на Битола IWConnect ќе нè потсети на иконската музика која ја обележа златната доба на MTV. Прекрасните звуци од најголемите хитови од 80тите и 90тите ќе оживеат на сцената пренесувајќи ја магијата на тие времиња.

MTV 80s & 90s не беше само музички период – тоа беше ера која ја дефинира иднината. Во септември, благодарение на Камерен оркестар на Битола IWConnect, сите ние ќе имаме шанса повторно да ги доживееме тие историски моменти.

Подгответе се за една извонредна вечер, и дозволете му на Камерен оркестар на Битола да ве одведе назад во времето, каде музиката беше израз на револуција, култура и совршенство.

Повеќе информации за билетите и изведувачите во следните денови.

Бидете дел од музичката историја.

За повеќе информации за концертот, заследете ги профилите на социјалните мрежи на Камерен Оркестар на Битола – Facebook, Instagram.