Македонската музичка атракција Brass Brothers позната по извонредно динамичните живи настапи ви го претставува новиот сингл насловен како ‘Move It’ од нивниот прв албум  ‘Balkan Mayhem’. Оваа нумера е создадена за време на пандемијата како одговор на сите стеги и забрани со кои се соочуваше човештвото. 

Денес, кога конечно слободно излегува пред публиката, нумерата ‘Move It’ има за цел да ни го продолжи летото и да ни помогне да акумулираме позитивна енергија која ни е потребна за да ги живееме овие луди времиња со насмевка на лицето. 

‘Move It’ е достапна за слободно преслушување на сите дигитални платформи и може да се купи од сите дигитални музички продавници.

Brass Brothers е македонски музички бенд формиран пред 10 години, составен од професионални и талентирани музичари: Горан Мицевски Кус (тромбон), Костадин Бетоски (саксофон), Пере Мелов (труба), Јован Мартиновски (Dj) и Ник де Карло (туба). Оваа група е препознатлива по своите експлозивни и динамични живи настапи, кои ја освојуваат публиката и ја прават незаменлив дел од перформансот.

Brass Brothers донесе уникатна автентична енергија на македонската музичка сцена, пред се поради специфичната комбинација од брас секција и динамичен звук. Зад себе ги имаат авторските нумери како “Време Невреме” на македонски јазик, како и петте музички нумери “Balkan Mayhem”, “Winner”, “The Spark”, “Inseparable” и “Take My Hand” од првиот албум на англиски јазик “Balkan Mayhem” како и нумерата “We Are Energy” од вториот албум “We Are Energy”.

Албумот “Balkan Mayhem” претставува извонредно креативен спој на македонската и балканската музичка традиција и свежи звуци и модерни елементи. Со овој енергичен албум, Brass Brothers создадоа уникатен звук и испратија моќна порака до својата публика од целиот свет. Со вториот албум “We Are Energy”, Brass Brothers  ќе продолжат да го развиваат својот уникатен стил но ќе донесат и многу нови експериментални креации кои несомнено ќе ја освежат домашната, но и светската музика сцена.