Во светот на архитектурата можеби нема ништо покорисно од мостовите. Практично тие објекти не само што дозволуваат безбедно да се премине од една на друга страна, туку се и симбол на поврзувањето. А и секој човек има пристап до мостовите, како што е денешниот случај кој не поврза битолчани со жителите на Буковска населба.

Во градењето на мостовите некои од најголемите архитекти во светот ги покажуваат способностите на своите творечки умови.

Во продолжение според можете да ги видите десетте најубави мостови кои се претставени од 24 auto & Architectural Digest. Покрај тоа што се ремек-дела на архитектурата тие се и многу популарни туристички атракции, за што говори и денешната популарност за нашиот мост кај Сива вода, но тоа да го оставиме на крај како јаготка на шлагот:

1. Мостот Henderson Waves, Сингапур

Во највисоката точка, мостот е малку над 60 метри што го направи највисокиот мост во Сингапур. Модерниот пешачки мост е заобиколен со бујно зеленило. Проектиран е од страна на фирмата од САД RSP Architects, Henderson Waves која е поврзана со Mount Faber Park и Telok Blangah Hill Park.

2. Puente de la Mujer, Буенос Айрес, Аргентина

Проектиран е од страна на големиот мајстор на архитектурата Сантијаго Калатрава, Puente de la Mujer (на шпански, Мостот на жената), кој е завршен во 2001 година и се наоѓа во трговскиот реон на Буенос Аирес.

3. Мостот Ријалто, Венеција, Италија

Овој мост е изграден во 16-тиот век и е најстариот мост, кој уште стои над Големиот канал. Тој е и една од задолжителните атракции кај кои запираат големиот број на туристи.

4. Бруклинскиот мост, Њујорк, САД

Овој мост во Њујорк има богата историја. Неговата изградба е заврпена во 1883 година и тој е еден од најстарите мостови во светот. Денес преку него поминуваат 150.000 автомобили и пешаци секојдневно преминувајќи преку реката Ист Ривер.

5. Мостот Шеих Зајед, Абу Даби, ОАЕ

Проектиран е од покојната легендарна архитектка Заха Хадид. Мостот беше завршен во 2010 година, а чинел 300 милиони долари.

6. Мостот Сечени, Будимпешта, Унгарија

Го има проектирано инженерот Вилијам Кларк од Велика Британија. Мостот е еден од симболите на Будимпешта над реката Дунав, а е отворен во 1849 година.

7. Мостот Голден Гејт, Сан Франциско, САД

Еден од најпознатите во светот. Мостот „Златната порта“ во Сан Франциско е завршен во 1937 година. Замислен е од архитектот Иврин Мороу, дизајниран од вештачки декот и е објавено за едно од чудата на современиот свет од Американското здружение на градежни инженери.

8. Мостот на Карло, Прага, Чешка

Овој мост е завршен на почетокот на 1400 година и е историски мост кој ја пресекува реката Влтава во Прага. Целиот е од Камен. Мостор се простира на околу 1700 чекори и е декориран со десет статуи од двете страни.

9. Тауер Бриџ, Лондон, Велика Британија

Се работи за мост кој е задолжителна туристичка атракција во Лондон и можеби најпопуларниот мост во светот. Отворен е во 1894 година. Им дозволува на автомобилите и пешаците да ја преминуваат реката Темза, а во исто време им дозволува и на бродовите да поминуваат по реката бидејќи се крева под агол од 86 степени

10. Мостот кај Сива Вода, нас. Буковски ливади, Битола Македонија.


Мост обновен во 2021г. Според интересот кој е забележителен денес, мостот ќе биде неизбежна туристичка атракција за Битола. Градбата се состои од нови штици кои се заковани на старата конструкција која најверојатно е под заштита на Завод и музеј, додека долниот дел е направен од цименто според најмодерните инжинеринг стандарди на кои можат да позавидат и најдобрите светски архитекти. Битолчани ја препознаа атрактивноста на ова место и веќе започнаа со закуп на локации во негова близина, додека популарноста на мостот кај с. Зовиќ падна неколку места подолу.