Почнува со работа тренинг центарот за дигитални вештини во Битола, чија цел е да ја искористи креативната средина во градот, создавајќи нови шанси и можности за соработка, нови знаења и поттик за секој креативен ум да ги искористи бенефитите на дигиталните знаења!
Место каде ќе учиш од програми креирани според концепт „учење за работа“, со комбинација од предавања, практични работилници, тимска работа и чекор по чекор учење на практични алатки.
Моментално се достапни две програми: Програма за Дигитален Маркетинг и програма за Графички дизајн.
Зошто Monday Learning?
Monday Learning е производ од потребата за ефективно познавање на дигитални вештини во процесот на работа на една дигитална агенција. Потребата од интегрирани дигитални познавањa за еден бизнис решивме да ја преточиме во тренинзи за креативни дигитални вештини, чија програма ќе биде изготвена според потребите за работната позиција и актуелните барања на пазарот.
Кој може да учи во Monday Learning?
Програмите се наменети за студенти, вработени, претприемачи и за сите кои сметаат дека можат уште повеќе да го развијат својот креативен потенцијал и сакаат да одат чекор напред во нивниот професинален развој, да стекнат дигитална независност, да научат барана вештина на пазарот или успешно да изградат еден бренд.
Пријавите за Monday Learning тренинзите се започнати. Местата за програмата се ограничени согласно COVID19 протоколите. Програмите започнуваат во месец април. Зачувај место навреме.
Детални програми и пријави на следниот линк:
https://learning.themonday.co/