Филмот зборува за младите и нивните размислувања зошто би останале да живеат и да работат во Битола, што е она што ќе ги мотивира да не ги спакуваат куферите и да ги бркаат своите соништа илјадници километри
подалеку од својот роден град.

Своите размислувања на темата, зошто младите да останат да живеат и да работат во својот роден град ги раскажуваат и Сара Мицевска и Марија Тасевска, успешни студентки кои сакаат да останат во Битола и тука да се развиваат на професионален план, но и да придонесат за посветла иднина.

Сценариото е на Сара Трајчевска, снимател и монтажер
Саше Богоевски во режија на Маја Богоевска. Проектот е во реализација на Здружението БСМ Битола во соработка со порталот Читај бе и Креатив Продукција, поддржан од Општина Битола во соработка со ЈОУ Културен информативен центар Битола.