Денеска групата младинци од Израел ја посетија градинката „Естреја Овадија Мара“ , каде најмладите со помош на своите воспитувачи изведоа мала претстава за гостите.
Ова се дел од активностите на младите од кампот „Патот кон помирувањето” 2019 каде младинци од Израел , Германија и нивните домаќини од Битола од Црвен Крст , Гимназијата „Јосип Б.Тито“ и Економското училиште „Јане Сандански“ ќе ги имаат за време на својот двонеделен престој во Битола и земјата.