Ученикот Леонид Ташовски од ООУ „Даме Груев“ – Битола последните две години, заедно со неговиот ментор, Валентина Степановска Андонова врши промоција на училиштето и секако, неговата Битола преку своите дела.На пример, со уредот „Рубенсова цевка“ е учесник на следните натпревари: „Една минута наука“ организиран во месец октомври 2021 година од Наука за деца каде влезе во конкуренција од 10-те најпопуларни и најдобро сработени видеа, понатаму и на меѓународниот натпревар на Меѓународна изложба за иновации – 42-ра МАКИНОВА 2021 година, организиран во месец ноември од Народна техника и СПАТУМ, од каде добива сертификат за успешно учество.

Но, подемот допрва доаѓа – и на регионалниот, и на републичкиот натпревар организиран од Народна техника на Македонија, Леонид со својот уред ги освојува првите места во областа применета физика.

Што всушност претставува Рубенсовата цевка?

Таа е антички физички апарат за демонстрација на стојни бранови во цевка. Инаку името го добила од нејзиниот создавач, германскиот физичар Хајнрих Рубенс кој прв, графички ја прикажал врската помеѓу акустичните бранови и акустичниот притисок како примитивен осцилоскоп.

Таа се користи на часови и натпревари по физика како демонстративен уред. Исто така се користи и во ноќните клубови што е многу атрактивно за младата популација.

Вредно е да се спомне дека Рубенсовата цевка беше инспирација за изработување на дигитална слика во која е вметнат детал од вселената, односно во случајот, живописното соѕвездие Орион како позадина.

Тоа на Леонид му донесе сертификат за учество на светскиот натпревар „Вселената во уметноста“ организиран од EAAE(април 2022).

У

ченикот Ташовски исто така имаше успешно учество на републичкиот натпревар за графички дизајн за деветтодделенци насловен како „Моето идно идеално училиште“, организиран од СОУ „Димитар Влахов“ – Скопје, како и забележително учество на натпреварот организиран од Наука за деца наречен „Scratch за Switch“ (февруари 2022) каде што учествуваше со играта „Save the Earth“.

На Леонид му посакуваме и понатаму со своите успешни стории да испишува страници…и ентузијазмот и трудољубивоста двигател, но воедно неговите успеси да им бидат инспирација за многумина.