На втората трка од Македонскиот Шампионат во Орман, Скопје, младиот битолчанец Антонио Дамјановски од Hamachi Extreme од Штип го освои првото место и убедливо ја држи првата позиција во генералниот пласман во класата МХ85!!
Покрај Зоран Каранфиловски Ќаме кој вози скопски клуб и Антонио е уште еден случај каде битолските мотокросисти возат за други клубови кои не се од Битола и немаат никаква локална поддршка, а веќе во три класи го држат првото место во генерален пласман на Македонија.
Од нас ги поздравуваме и ќе ги бодриме секогаш, без разлика за кој клуб настапуваат бидејќи тоа многу не зависи од нив.
Напред битолчани!
Фотографии Ристовски