Фк Пелистер Младинци – Фк Академија Пандев 2-1

Првиот дел беше рамноправен со иницијативи на двата гола најпрво статива погодија гостите за во следниот напад најдобро да се снајди Теофил Сиљановски и заводат зелено белите.

Во вториот дел се наѕираше иницијативата кај гостите да постигнат гол, но повторно без успех за најпосле нововлезениоот Андреј Јошевски внеси свежина и со спринт по левата страна му додаде на Бајрами во шеснаесетникот на противникот, а овој успешно реализира и го матира голманот на Академија Пандев за високи 2-0 пред крајот.

Прес судискиот свиреж гостите беа соборени и добија пенал кој го реализираа за конечни Пелистер – Академија Пандев 2-1 . Головите ги постигнаа Бајрами и Силјановски за Пелистер.

За Пелистер настапија Размовски , Исмаили (капитен) , Абаз , Цветановски , Каковски , Огненовски , Силјановски , Калановски , Далчевски , Бајрами и Гелевски . Играа уште и Јошевски , Рустеми и Здравевски .