Младата битолска иноваторка Евгенија не престанува да не изненадува!

од February 17, 2019 0 коментари

Битолчанката Евгенија Дивитарова не престанува да не изненадува. Овој пат со нејзината CNC машина за гравирање на материјал/медијапан го исцрта некогашниот Народен Театар во Битола.

Како што самата раскажува во очекување е на нов ласер и за брзо ќе имаме ласерско гравирање и за стаклени и железни површини…

Инаку битолската средношколка Евгенија Дивитарова ја доби наградата „Млад иноватор 2018“ на натпреварот „Макинова“ кој се одржа во Скопје. Таа е меѓу ретките девојки во конкуренција кои досега ја освоиле оваа награда и тоа за нејзината CNC машина за гравирање со ласер, која ја иновирала и конструирала сама.

Ставете лајк и нека Ви се допадне нејзината фб фан страна Ласерско гравирање

Браво Евгенија…

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *