Денес Битола и Македонија изгубија еден голем човек и спортски работник Никола Поповски- Попето. Долги години беше тренер и професор по физичко воспитување каде низ неговите раце поминале сите најпознати фудбалери во Битола, а и во Македонија.

Во времето кога на ФФМ Претседател беше Харалампие Хаџи Ристевски беше одговорен за Младинските Селекции на Македонија и работеше во центарот за едукација на тренери во ФФМ. Човек кој знаеше да открие талент и тренер, човек кој срамота е да не спомениме дека во неговото време во ФФМ многу наши битолски тренери станале селектори, наши доктори биле во селекциите на Македонија, и пред се многу фудбалери од ФК Пелистер каде што имало во секоја селекција на Македонија по 5-6 играчи.

За жал во последните 10 години од Битола немаме ниту еден селектор, имаме 1 играч до 21 година што игра за Македонија, а во другите категори или селекции немаме по ниеден играч ни тренер.

Денес јас лично сум многу тажен бидејќи го изгубив мојот ментор, заради неговоро инсистирање станав тренер и тоа што сум сега. Скоро секој ден на кафе муабет со Игецот ни даваше совети и поддршка за еден ден да станиме големи тренери.

Сите овие години се бореше за мене како во тренерскиот занает така и во приватниот живот , имавме заедничка желба еден ден да не види со Игор Стојкоски како селектори на некоја репрезентација на Македонија.

Таа желба двата ветуваме дека ќе ти ја исполниме за брзо време. Да знајш дека одиме полека, но сигурно по патот кој не водеше ти. Секогаш и секаде со гордост кажуваше дека Белото е мое дете.
Да знајш дека премногу те сакавме со Игецот, ќе ни недостигаш Шефе 💙💙💙.

Легендите живеат вечно. 🙏🙏🙏

Сликата е 2006 година каде ни ги доделува медалите и пехарот за освоен куп на Македонија во Кадетска Лига генерација 1988-1989 Фк Пелистер – Фк Ренова 3 : 0 резултат.

Никола Гелевски Бел, ЖФК АТЛЕТИКО БИТОЛА