Младиот битолчанец Давид Козаров, ученик во ОУ Стив Наумов во Битола заедно со неговата наставничка на неговите 14 години направи документарен филм за Народниот херој Стив Наумов.

Идејата за филмот ја добивме со мојата наставничка Магдалена Сајкова односно сакавме да направиме нешто за херојот на училиштето и плус документарен филм за херојот на Битола, бидејќи досега никој нема направено. Снимањето започна со интервјуто на внукот на Стив Наумов кој накратко ни го раскажа неговиот живот преку некој случки. После снимањето дојде монтажата која замене беше најтешкиот дел, бидејќи ми беше прв филм додека го монтирав фимот учев со некој видеа од Јутуб кој ми огромна помош.

При работењето на филмот видов дека нешто фали, бидејќи беше тешко да се направи филм за Стив Наумов бидејќи имавме еден човек кој ни кажуваше, а плус немавме ни слики бидејќи тој сите ги искинал како што кажува и во филмот. Така дојдов до идеа да направам снимки со дрон во кој ми помогна мојот брат. За мене овој филм беше големо искуство и со ова само повеќе се заљубив во филмот и камерата.

Со овој филм беше одбележан и патрониот празник, а мене ми е посебно драго што направив филм за овој херој бидејки освен еден во 60-тите години овој е втор филм за херојот. Се надевам ќе ви се допадне, вреди да се погледне.

Народниот херој Стив Наумов е убиен кај с. Болно, ресенско, во нерамноправна битка со бугарските фашисти, кои на неколку пати го презакопаа неговиот гроб се со цел да нема никаква трага од него. Така е oстанато до ден денес. Вечна му слава.