Мјузикл „Исцелител“
(за големи и мали) на
05.10.2022 во 20.00 ч. локација Народен Театар Битола по повод 25 години Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија“.

Во мјузиклот учествуваат деца, млади и возрасни, пејачи и танчери, членови на Анастасија Центар. По тој повод во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, се снимија и преработија 10 авторски песни, од вокалната група на центарот Анастасија. Како дел од настанот се вклучени и млади талентирани лица со посебни потреби кои посетуваат редовно часови по пеење, танци и музичка терапија во Анастасија Центар.
Костимографијата за околу 50 учесници ја изработува креаторката Анастасија Зулевска. Музички секвенци создава Владимир Враниќ. Текстовите се од документарни материјали на самите учесници.
Режија, снимање и музичка продукција, вокален тренинг и кореографија потпишува Стефанија Милевска Враниќ.
Мјузиклот „Исцелител“, повикува на будење за заштита на планетата земја, потсетува дека секој поединец треба да се пронајде себе си, да го прави тоа што навистина го сака и да помага на другите, да работи на личната самосвест и да негува вистински вредности, тогаш тој би бил навистина среќен и би успеал да се излекува себе си. Секој за себе си е „Исцелител“.
Во текот на овие 25 години се создадени огромен број на перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, уникатните костими се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.

Битфест офф програма
Mинистерство за Култура

Резервации на билети во Анастасија Центар (070/477-786)
Цена на билети:
200 ден. /возрасни
150 ден. /деца