МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес и утре ќе се задржи натпросечно топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град. Во текот на следната работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Температурата ќе биде во опаѓање.

УХМР