Секое социјално место каде младите можат да се сретнат и да комуницираат, било и потенцијално каде можела
да се изроди љубов и прилика за брак. Во минатото биле
селската чешма, гумното, а најмногу средселото.
Тоа се однесувало за брачните двојки од едно исто населено место, но доста причини диктирале брачниот партнер да се бара и надвор од генсот (прикривање семејна
тајна, наследна болест, низок социјален статус, години) и
тогаш изборот се правел на пазари, панаѓури, манастирски
слави, односно секаде каде имало можност за избор.
Такви места во минатото во Битола биле Житни Пазар, Ленски Пазар, генималското Средсело, дворот на црквата “Св. Недела” и други.
Најстариот пазар, кој со развојот на градот, се типизирал и станал житен, Житни Пазар, било најпопуларното место за “бендисвајње”.

Собирите таму се случувале, барем еднаш неделно.
Кандидатите доаѓале како на судбински ден, секогаш во придружба на роднини или пријатели (стројници
кои лесно им течел зборот и кои умееле да ги украсуваат
работите). А кандидатите во живописни облеки наредени во групички, стоејќи како “кипови”, го очекувале мигот на избор, потем било лесно, се заминувало во најблиската кафеана и пазарот отпочнувал. Втор пазар на кој одамна се продавал прочуениот битолски лен за кој говорат Евлија Челеби и другите
патописци се наоѓал на десната страна од реката Дparop
на платото меѓу денешните булевар “Први мај” и ул. “Никола Тесла”, Ленски Пазар.

Траги и спомен за тоа е само името. И тука се организирале слични средби и брачни догoвори. Meѓy двете светски војни и за време на бугарската управа се сведиле еднаш годишно, на вториот ден Дуовден. Како и на секој панаѓур, и овде имало средселска музика, ора, праматари, а и брачни избори.
Генимаалското Средсело, исто така,
било експлоатирано место, најмногу на т.н. “селски Велигден”, кога се преобразувало во масовен панаѓурски собир. Такво било и платото на црквата “Св.Недела”. Откако неделите таму станале и ,, панаѓури” и на нив доаѓале пазарџии дури од Прилеп, значењата како место за брачен избор му нараснале уште повеќе.

Имало средби кои се случувале и надвор од традиционалните. Момче ке помине по улица, па ќе здогледа девојка што ќe му се допадне, па роднини или пријатели ќе режираат потајна средба или договор, по што ќе се и роди брак. Кај христијаните сосема ретко или никако, но меѓу Typците и Турчинките, младите својата наклоност кон саканата ја искажувале и со крвави саморанувања, кое е и ликовно потврдено…

Извадок од “КалеидоскопАлександар Стерјовски

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here