Рецепт од Гордана Аџиева-Михајловска

Рецептот за меломакарона или божиќни колачи и тоа како ќе Ви се најде деновиве пред Божиќ. За мене меломакароната се најубавите божиќни колачиња и ми се на пиедестал во парените колачи. На бојата на колачите влијае количината на цимет. Исто така влијае и маслото, ако ставите маслиново си се потемни, ако е обично сончогледово ќе бидат посветли. Оригинално се прават со маслиново масло, но можи и обично да користите. Формата треба да е овална или кружна. Тестото треба да има цврстина да можите лесно да оформите колаче кое нема да е деформира кога ќе го ставите во плехот. Ако е премногу меко тестото, додадете гриз. После првиот пат кога ќе ги правите, секој нареден пат ќе ви бидат се поубави и поубави и ќе го развиете осетот што да додадете или одземете.

Состојки

За тесто 4 чаши брашно (2 меко и 2 оштро),
4 лажици гриз,
1 и пол чаша маслиново масло,
3/4 чаша цеден сок од портокал и се дополнува уште 1/4 со коњак,
по 1 лажиче сода, пециво и цимет,
пола лажиче каранфилче (јас ставив микс за медењаци),
рендана кора од пола портокал,
1/3 чаша шеќер и 2-3 лажици мед
толчени ореви по желба.

Шербет:
по 1 и пол чаша вода и шеќер, се варат заедно со стапче канела.

За одозгора:
2-3 лажици мед
толчени ореви по потреба
Подготовка Измешајте ги состојките за тестото и замесете тесто колку да се оформи топка. Оставете го во фрижидер кратко и ставете го шербетот да се припреми. Треба да се згусни убаво скоро како сируп. Од тестото земајте по 1 лажица и овормувајте бомбици кои потоа малку ќе ги расплескате по должина и по висина. Редете ги на намастен плех или врз хартија за печење. Ќе ви требаат 2 плеха и се добиваат отприлика 40 парчиња. Испечете ги колачињата на 170-180 степени околу половина час или додека не поруменат. Топлите колачиња се прелеваат со оладениот шербет, а потоа се нанесува по малку мед одозгора и се наросуват толчени ореви. Вака припремените колачиња покриени и во фрижидер можат да седат долго време иако не верувам дека ќе ви седат повеќе од 1 ден. Обично овие колачиња ги подарувам за божиќните празници, тие се одличен знак на внимание кон блиските.

www.macedoniancuisine.com