Во недела на 25 август 2019 г. во водите на Олимпискиот базен во Битола ќе се одржи VIII меѓународен натпревар во пливање “Император Куп” 2019.
На натпреварот се очекува да запливаат над 100 натпреварувачи од пливачките клубови низ нашава земја, како и од Р. Бугарија.
Организатор на натпреварот е СПД “Олимпик” од Битола и тренерот Кире Марков, кој што нагласува дека целта на ваквите настани се од особена важност за нашиов град и држава, а пред се за младите луѓе кај кои што треба да се популаризира пливањето како спорт и да се подигне натпреварувачкиот дух на многу повисоко ниво.
Почетокот на натпреварот е во 9 часот,пред што ќе претходи расплив од 8.30 часот. Ги покануваме сите љубители на овој спорт да дојдат и да ја поддржат оваа спортска манифестација.
Повеќе информации ТУКА