Светот на гастрономијата и урбаната забава во Битола добива нова димензија! По повеќе од една деценија врвно искуство во елитни ресторани на Блискиот Исток и Азија, како и на позицијата генерален менаџер на легендарниот Gordon Ramsay Bar & Grill во Sunway Resort, Малезија, Алберт Ќеримов ја носи својата непогрешлива визија во родниот град.

Новата локација е внимателно одбрана — дискретна и смирена, веднаш до Грчкиот конзулат, создавајќи ексклузивна оаза далеку од метежот, но доволно блиску за да биде во срцето на најновите урбани трендови.

Под негово водство, MAYFAIR Lounge Bar & Shisha ќе понуди урбан и кежуал амбиент со иновативен медитерански фингер-фуд — мали јадења за споделување, внимателно комбинирани со премиум коктели и врвно наргиле. Атмосферата ќе биде збогатена со жива музика, DJ програми и тематски настани инспирирани од културите на Грција, Турција и Либан.

„Ова не е само уште еден Lounge,“ вели Алберт Ќеримов. „Ова е револуција во начинот на кој луѓето ќе се поврзуваат, ќе слават и ќе создаваат незаборавни моменти. Сакам Битола да добие ново срце за културата на живеење и забавата.“

Постоечкиот објект Calm Street целосно ќе се преуреди и надгради, а големото и долгоочекувано отворање на новиот MAYFAIR Lounge Bar & Shisha е закажано за 12 септември.

За сите новости и ексклузивни прегледи, следете ги на официјалните канали на MAYFAIR Lounge Bar.