Меѓу бројните домаќинки
кои ја купиле најновата машина за перење Горење PS 620 BIO S се вбројува Марика Ѓорѓиева од Битола. При нашата неодамнешна средба со неа ја замоливме да ни каже дали е задоволна од оваа машина и зошто се решила да купи од производите на „Горење“- Велење. Морам да признам, ни рече таа, дека долго време потрошив во размислување за тоа каква машина да купам. Еден ден некаде прочитав дека преку 1 милион Југословени го своите домови имаат најразлични апарати за домаќинството на
„Горење“ и дилеми повеќе немаше – и јас се определив за најновата машина за перење Горење PS 620 БIO S. Досегашната практика покажа дека не сум згрешила во изборот, а еве зошто.

Машината Горењо РS 620 BIO S не е само технички совршена, туку нејзиниот естетски изглед е извонреден и таа може да се вклопи во секоја просторија за живеење. Покрај тоа, таа има и некои квалитети што досегашните машини ги немаа. На пример, познато е дека секоја облека не поднесува цедење, а една од програмите на новата машина е прилагодена така што облеката по перењето останува во чиста вода, а домакинката по своја желба решава дали ке ја цеди или не. Најновата машина за перење на „Горење“ се разликува од другите машини за перење и по тоа што има голем број вртења во минута. Тоа овозможува испраните алишта да бидат уште веднаш по вадењето од машината подготвени за пеглање. Покрај тоа таа е мошне економична: не троши многу електрична енергија, а во неа можат да се сместат до 5,5 килограми облека. Меѓутоа, мое мислење е дека нејзината најголема вредност е тоа што таа не само што убаво за пере и најнечистата облека, туку со новиот систем наречен cool- down и ja заштитува облеката. Сакам да додадам уште нешто. Машината за перење во вистинската смисла на зборот ми го разубави мојот живот. Таа ми стана моја најверна пријателка, која ми заштеди и време и труд, а што е уште поважно ме ослободи од една
многу тешка работа каква што е перењето облека. Мое убедување е дека денешната современа жена само со машината Горење PS 620 BIO S може да се смета за современа домаќинка.

Битолски весник, непозната година