ПРЕДАНИЈА, Книга седма
Автор: Марко К. Цепенков (1829-1920 г.)

Откоа ‘и освоиле сите манастири Турците, беа ‘и израсипале сите и на секој манастир напраиле по една џамија. Сегде кај што преземале Турците градои тоа време, ретко во град расипале црква и манастир, чунки биле набожни и се боеле од светецо, арно ама во град Битола не се убојале од седумдесет и двајца светци што биле во црквите, чунки беше се налутиле многу на калуѓерите дека ‘и погубиле петте стотини мина Турци што беа влегле во големио манастир, та на тој манастир (Свети Ѓорѓија) напраиле Турците џамијата, што е на Овчки пазар. Зад џамијата Свети Ѓорѓија имат едно празно место кај што има стапалки од коњо на свети Горѓија, коа дошол тогај брзо и кај што стапуал коњот, се нозете му пропаднале, на тоа место ништо не можеле Турците да напраат како здание, чунки светецо не остаал.

Според Марко Цепенков црквата св.Ѓорги се наоѓала на Овчки пазар или денешно место откаршија Дебојот во Битола каде сега има стамбени згради. Најверојатно на нејзините темели беше изградена најстарата битолска Ески џамија, која опстојуваше се до 1956 година. Во раскажување од тамошни постари жители при расчистувањето на остатоците од џамијата и копањето на темелите за зградите се пронајдени два големи скелети кои биле во окови со натпросечна големина и висина од околу 2.5 м. Дали биле тоа последните калуѓери од манастирот св.Ѓорги кои тогаш ја со меч во рацете ја бранеа Битола го оставаме за истражувачите и историчарите. Доколку е некој заинтересиран за повеќе нека не контактира ќе го посочиме изворот во интерес за минатото и вистината за градот Битола.