Марјан Милованов (26). Професионлен битолски сноубордер и инструктор кој повеќе од 15 години се занимава со овај спорт. Го прашавме неколку работи кои сигурно ќе Ве интересираат доколку имате интерес за овај спорт и максималното уживање во сноубордингот.
Здраво Марјан…Поздрав од Бабам Битола и дали можиш да ни раскажиш повеќе за почетокот и љубовта кон сноубордерството и до сега колку години трае ? Каков беше вашиот почеток и дали имавте некој кој ви ги откри сите сноубордерски тајни ?
-Со оглед на љубовта која што ја имам во изобилие за планината и зимските спортови, пред да почнам да се занимавам со бордерството моето прво искуство ми беше со ски. Почнав да скијам уште од мојата 4–та година, заедно со мојот брат Драган. За мојата пасија кон скијањето и бордањето најголем виновник е мојот татко кој од мали нозе не учеше зимски спортови, па така почнав и со бордањето на една стара даска без кантови и заедно со мојот брат бевме во првите лица во Битола што бордавме пред 15 години. Сноубордингот е еден тежок зимски спорт за кој треба големо знаење, пракса и посветеност пред сѐ, па јас како самоук сноубордер успеав да ги совладам сите техники во бордањето учејќи од своите грешки, па сега и да ги пренесувам на сите љубители на сноубордингот.
Колку е тешко за некој да стане сноубордер ?
-За да еден човек постане сноубордер пред се треба да има голема желба, мотивација, да биде упорен и физички способен и секако да е голем љубител на зимските спортови. Сноубордингот се учи постепено во неколку фази, за затоа треба голема истрајност и мотивација за да се научи целосно со сите трикови и техники.
Која е старосната граница за сноубордерите ?
-Најдобра воздраст за да се почни со сноубордингот е од 4 години значи од мали деца, од причина што малите деца се пофлексибилни и еластични и подобро ја апсорбираат и ја употребувааат во пракса секоја техника за разлика од повозрасните лица која што граница не е одредена зависно индувидуално секој како што смета дали е способен да борда. Ама искрено не мислам дека постои старосна граница за некој да постане сноубордер, ако сака некој да се научи сметам дека може лесно да се совлада и дека годините не треба да претставуваат никаков проблем , тие се само бројка нели ? хехе.. Постојат лица кои што ги познавам и над 60 години кои сеуште скијат и бордаат со големо задоволство.
Дали е скап спорт и која опрема треба да ја поседува еден сноубордер. Колку пари чини добра опрема ?
-Дали е скап спорт?.. хм, па реално со оглед на нашиот стандард кој е премногу низок за да се набави нова добра бордерска опрема е потребно поголеми финансиски средства , но секој оној кој има голема желба да научи може да се набави поволна опрема по достапни и реални цени.
Како инструктор колку време ви треба за да научите некој на сноубордерските вештини?
-Зависи индивидуално колку човек има ќеиф и е доволно упорен и посветен да се научи во пократок временски период, но според мене сметам дека доволно е една недела за целосно да се научи и самостојно да борда бордерот.
Бидејќи сноубордерството е релативно нов спорт во Битола и е во експанзија дали има добра инфраструктура на Пелистер за развивање на овој спорт, стази, реквизити и сл.
-Пред сѐ ме радува што секојдневно има се поголема заинтересираност за бордање и е во голема експанзија, ме радува и тоа што почнуваат од мали нозе да го учат овој спорт и се многу повеќе се заинтересирани за сноубордингот , па така скијањето некако останува во сенка. За Пелистер како планина ни нуди големи богатства и е најубавата планина во Балканот кој потсетува на Алпите, но за жал тие благодети и не се искористуваат ниту пак се вложува за да сноубордингот и скијањето се развиваат, а со тоа да имаме се поголем број на туристи.
Како почетници најдобра стаза за учење е во Нижеполе каде што и држам часови и таму можете да ме најдите, а за оние што се занимаваат поекстремно со зимски спортови стазите во Копанки се добри.
Колку е екстремен фрирајдот и дали за него треба големо искуство?
-Сноубордингот е екстремен спорт, па така сметам дека за фрирајдот е потребно големо искуство, секако дека задоволството е неверојатно добро и оној адреналин кој го имате додека се пуштате по неозначени патеки и длабок снег не се опишува со зборови, но сепак за помалку искусните не го препорачувам.
Што е подобро да си сноубордер или скијач со скии?
-За мене задоволството е поголемо на сноуборд, затоа и толку долго време се занимавам со бордање и го пренесувам моето знаење на други. Но, постојат луѓе кои повеќе ги исполнува скијањето, па според тоа неможам да кажам што е подобро.
Некоја интересна случка од сноубордерството, учењето, и слично…
-Секојдневно се соочувам со некакви моменти и случки, посебно со малите деца кои ми го исполнуваат денот со радост и најголемо задоволство ми е да работам со нив. Посебна случка …хм.. ги има многу неможам да издвојам секој момент си е само по себе посебен. Поздрав до следниот пат ми беше мило .
За дополнителни консултации, контакт и слично, професионален сноубордер инструктор Марјан Милованов тел. 076/241-278 Битола.