Мадам Батерфлај е светски позната опера во три чина на Џакомо Пучини, создадена според истоимената новела на Џон Лутер Лонг (1898 г.). која ја има интерпретирано и светски познатата Маргарита Перас која е наша родена битолчанка. Таа уште во нејзината рана младост се вивна високо во светските музички кругови, настапувајќи под водство на светски познати учители и диригенти на неколку континенти насекаде низ светот.

Родена 15 јануари 1908 година во Битола . Талентот на познатиот светски сопран, битолчанката Маргарита Перас беше откриен од нејзините родители на многу рана возраст и таа со нејзината соло изведба пееше низ битолските цркви, на свадби и погреби низ нашиот град . Посетуваше часови кај добро познатиот наставник за гласовно пеење Оскар Даниел на Мусикхохшчуле во Берлин.

Маргарита Перас беше откриена во 1927 година од Бруно Валтер на настап во средно училиште каде што ја отпеа Норина во Дон Пасквале. Таа рано професионално дебитираше како Барбарина под водство на Бруно Валтер (кој стана нејзин ментор) во Берлинската државна опера во 1927 година, а дебитираше како Виолета на Винер Стаатсопер во 1935 година. Беше ангажирана во Берлинската Штадише Опера (1927), подоцна во „Унтер ден Линден“ од 1928 до 1935 година.

Таа правеше турнеи во Шпанија и Јужна Америка (вклучувајќи го Театро Колон во Буенос Аирес и операта во Рио де Жанеиро, 1928-1929) Таа се појави како гостин во Штад театарот Цирих (1934-1935), на Салцбург фестивал (1935), на Винер Штаатсопер (1935-1940 / 1946-1947), во операта Ковент Гарден во Лондон (1936), на Гранд Опера Париз (1936), и на фестивалот Глиндебурн (1937).

Маргарита Перас се повлече од оперската сцена во 1939 година и се пресели во Цирих каде ја концентрираше својата кариера на концертни настапи и рецитали на песни. Беше многу ценета интерпретаторка на песните од Отмар Шоек. Таа беше омажена за швајцарски психијатар. Почина на 2 февруари во 1984 година во Цирих, Швајцарија, на 76 годишна старост.

Досега во пишувањата од битолски хроничари или познавачи на нејзиното дело за неа не сме сретнале ништо. Со нашите истражувања и од нас нека остане за првпат една мала трага за нејзиното живеење и постоење како познат светски битолски сопран, Маргарита Перас или битолската Мадам Батерфлај. (19 јануари 2021 г. Битола, Македонија)

https://youtu.be/H3O3WzuzidA

Референци