На ден 09.01.2022г. (Св.архиѓакон и првомаченик Стефан) Манастирот Св. Георгиј с.Велушина – Битолско од земјотресот со епицентар во близина на Лерин претрпи големи оштетувања. Манастирот е градба уште од 1839 г., а денес со последователните четири земјотреси оштетувањата се уште поголеми.
Жалосна е состојбата на нашето културно наследство кое е оставено во негрижа од надлежните и голема е веројатноста со малце поголеми потреси цело ќе замине во неповрат, вклучувајќи ги и убавите стари градби во Битола.
Фотографии од Бистричка Парохија