Едно од најпријатните изненадувања на ѴІ-от фестивал на македонска забавна музика „Макфест “91” беше битолчанката Каролина Гочева. Со песната „Мамо пушти ме“ на композиторот Тоде Новачевски, таа фрли во сенка многу постари и поискусни пејачки имиња, а како резултат на извонредната интерпретација, сценскиот настап и се разбира младоста и припадна наградата за најуспешен дебитант. Сосема заслужено.
А од „Макфест” па наваму, Каролина е име за кое се зборува. Речиси секојдневно добива телефонски позиви. Ја бараат од Радиото и Телевизијата, но и колегите новинари и фоторепортери со цел да ја интервјуираат и сликаат за весниците и списанијата. А Каролина, иако ненавикната на
таков публицитет, засега успешно си ги извршува и новонастанатите обврски. Впрочем тоа е и цената на популарноста.
Максимална поддршка од родителите
Деновиве ја посетивме Каролина во нејзиниот дом во Битола, за да направи ме ексклузивен разговор за „Наш Свет”. Не пречекаа таткото Благој, мајката Светлана, сестрата Александра и бабата Љупка, која е сигурно најголе миот симпатизер на Каролина. А тука, на гости беше и братучетката Здравка. И веднаш ја прашуваме: како беше на “Макфест”? Бидејќи впечатоците се сеуште пресни.
– Одлично. Убаво бев прифатена
посебно од постарите „колеги и колешки”: од Маријана и Росана, потоа Тања и Лидија, Олгица, Тамара, Џони, „Буба Мара“ и да не ги набројувам сите. Пред
почетокот малку имав трема, но пред самото појавување таа исчезна. Ова инаку ми е втор фестивал, ако се знае дека настапив и на „СИ-ДО“ во Битола
– вели Каролина.
А “СИ – ДО” фестивалот, што пролетоска се одржа во Битола, на некој начин беше влезна врата за „Макфест“, зашто и на овој фестивал Каролина имаше извонреден успех. Со „Нашата
пролет” од Мехмед Манев ја освои 1-та награда на стручното жири притоа не запоставувајќи го училиштето.
ЛИЧНА КАРТА
ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Каролина Гочева
ДАТА И МЕСТО НА РАЃАЊЕ: 28.IV.1980 година, Битола
ХОРОСКОПСКИ ЗНАК: Бик
ПОГОЛЕМИ УСПЕСИ: I награда од стручното жири на „СИ-ДО фестивалот, „МАКФЕСТ *91* најуспешен дебитант
„МАКФЕСТ 91″
ОМИЛЕНА ПЕЈАЧКА: Мадона, Деби Гибсон, Маријана и Росана, Тања и Лидија Кочовски
ПЕЈАЧ: Џорџ Мајкл
ГРУПА: „Њу кидс он-д-блок*
КНИГА: „Срце од Едмондо де Аминис, „Том Соер” од Марк Твен
ЖЕЛБИ: Мир во светот
АМБИЦИИ: Успех на училиште и во музиката.
Вистинска ѕвезда
По „Макфест“, на првиот училишен ден Каролина беше пречекана како вистинска ѕвезда. Наставниците, кои секако имаат заслуга за овој успех, бидејќи секогаш и излегуваат во пресрет, и нејзините соученици и честитаа на успехот посакувајќи и уште многу други вакви успеси.
И да не пропуштиме: Каролина Гочева е ученичка, во VI-то одделение во ОУ “Трифун Пановски” во Битола. Се разбира одлична. Освен ова, го посетува и музичкото училиште, а таму е IV година на отсекот клавир. Како го ускладува времето?
– Кај мене важи девизата „Кога се
сака се се може“. И навистина, време имам за се само доколку правилно се распредели.
Потоа дојде поканата од Тоде Новачевски и Каролина, се разбира со дозвола на своите родители, кои мора да се признае максимално ја поддржуваат, се појави во Штип. Награда за најуспешен дебитант, малку ме збуни.
Искрено не очекував дека токму мене ќе ми припадне, но како и да е многу ме израдува. Што понатаму? – Па ќе продолжам да пеам. Обврските кон училиштето ми се во преден план, а потоа на второ место е музиката. Каролина веќе има понуди за снимање. Засега, како што вели сигурно е дека ќе се појави во новогодишната
емисија на ТВ. И композиторите и се јавуваат. Сакаат да й дадат нови песни. Вели сака со сите да соработува, притоа на прво место ставајќи го Тоде Новачевски.
Текст и фотографии:
Лазо Ристевски
—————————————
п.с. Би сакале Каролина да нк биде специјален гостин за настанот „За мојата Битола“ на 27.02.2025 г. со Камерен Оркестар и песната на Ајри Демировски „Со Битола се гордејам“.
ББ