Над куќарките и детското игралиште кај Ски Центарот Нижо Поле од десната страна се протега лесна патека која води до почетокот на Ски лифтот во горниот дел над Нижо Поле, правец спрема Црн камен и врвот Неолица. Прошетката трае околу половина час до четириесет минути и е лесна за сите возрасти од 7-77 години.Овај пат ние затекнавме малку снег кој можеби малку не забави но ни донесе дополнителна убавина. Во горниот дел има маси и клупи исто како долу, простран воодушевачки поглед од големиот и убав масив на Баба Планина.
Од другата страна има мал извор, рекичка со вода и е доста стрмен дел за слегување. Многу од нас и по толку години посета на ова место сеуште не го имаат посетено овај дел на планинскиот дел на Нижеполе, од каде потоа обавезно се навраќа на планинаски чај со рум кај домаќините во Чајџилницата на Стрежево, каде искрено да се пофалиме дека поубо кафе досега не се имавме напиено, мимо чајот со малку рум.
Повелете си, уживајте во благодетите на Баба Планина и ете низ фотографиите доживеете ја нашата кратка маршрута.
Ве поздравуваме…