Јоргов Камен и Црвени Стени се едни од најпопуларните дестинации за пешачење на планинарите од Битола и околината, воедно и една од поважните дестинации од каде има траги од Првата светска војна во Македонија.

Како до Јоргов Камен и Црвени Стени

Една од патеките која најчесто се користи од планинарите е од Хотел Молика према Домот Копанки од каде имате јасен патоказ и обележана маршута со времетраење од околу 1 ч. до Јоргов Камен и уште половина час до Црвени Стени.

Јоргов Камен 1744 м.н.в. и Црвени Стени , 1800 м.н.в.

Тежина на патеката: лесна / средна. Патеката е добро обележана од службите на Националниот парк Пелистер и е лесно проодна. Често на истата може да се видат и фамилијарни посети. Се препорачува носење на соодветна опрема за планинарење.

Што добивате од целата прошетка?

Добивате чист воздух, нови бели крвни зрнца, кондиција и лекувачкиот и смирувачки мирис од борот/моликата. Ја добивате назад повторно вашата хармонија бидејќи со пешачењето си ја одмарате душата. Гратис ви се воодешувачките погледи од Јоргов Камен кон Битола и од Црвени Стени кон Баба Планина.

Јоргов Камен (фото и видео)

Црвени Стени (фото и видео)

Во овај период од годината има само смрека и малку шипинки. Малинките завршија, инаку тука ги има во изобилство.

Нешто за крај?

За крај само апел да си го посетите овај предел. Исклучително лесна и права патека, без некои страшни угорници и удолници. Да си ја доживеете планината која моментално е нашминкана со жолти и црвени есенски бои, дотерана во шарено есенско руво во која неизбежно е дека ќе се заљубите.

Ве поздравуваме…

Чешмата кај Црвени Стени