Многу еврејски семејства од Битола и Македонија се преселиле во Бат Јам во текот на педесетите до седумдесетите години на минатиот век. Меѓу нив спаѓаат Др. Хаим Абраванел и семејството на уметникот Мати Грунберг кој ни го подари своето дело сончев часовник. Заменик градоначалникот на Бат Јам, г. Ури Бускила ја посети Битола во време на мартовските комеморации дури и се вљуби во духот и шармот на нашиот град. Пред неколку месеци тој дојде во посета на Општина Битола заедно со градоначалникот на Бат Јам со намера да ги зближи нашите два градови. Ова зближување започнува со едно ексклузивно претставување на Бат Јам преку мал поп концерт и видео разгледница наменета за пошироката јавност.

Да ги дочекаме со отворени раце и утре да ги посетиме како нивни специјални гости. Овој млад брзорастечки град на Медитеранското крајбрежје со задоволство ќе ни ги претстави своите фасцинантни плажи, ресторанчина, култура и вибрантна уметност. Вистински контраст на нашите планини, зелени пространства и староградски манири.

16-ти август (вторник) во 21.00ч. во Офицерски

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН