MAGNETIC BEATS / МАГНЕТСКИ ТАКТОВИ на кинематограферот Брајс Пенкот и режисерот Винсен Маел Кардона, ја претставува извонредната младешка енергија од почетокот на 80-те години, не само во Франција каде што се случува дејството, туку и во поширокото европско пространство под влијание на музичкиот нов бран.

Приказната е лоцирана во една француска провинција, каде пиратска радио станица внесува нова енергија во животот на младите луѓе, а креативните џинглови и експериментирањето со звуците од страна на диск-џокеите го навестуваат подемот на електронската музика. Динамично фотографски реализиран, во склад со ритамот на дејството и одличната музичка пост-панк подлога, МАГНЕТСКИ ТАКТОВИ е филм за бурното созревање на една генерација.

Како таков, овој извонреден филм наидува на многу добар прием не само кај „аналогната“ генерацијата која го сведочеше, или следеше понепосредно по овој битен период, туку и кај денешната млада „дигитална“ генерација која се развива со своја особена страст за животот и уметноста.

Битола, Центар за култура, Голема сала
🗓 18.09.2021
🕛18:15
🎫 Билет 50 ден. на билетарницата на ЦК