На 28 септември, далечната 1977 година, во тогашната Југословенска држава, во финалната вечер на престижниот музички фестивал во Зајечар, или така наречен најстар музички фестивал во Европа, според гласовите на публиката победуваат битолските прогресивци и во тој момент голема македонска музичка гордост МАДРИГАЛИ.
Тошо Филиповски
Обновено:
Драган Каранфиловски Бојс најголемите успеси како автор ги постигна како член на култниот битолски бенд „Мадригали“, подоцна преименуван во „Трн во око“. Со овие две групи ги сними своите најпознати рок-песни, а во Заечар, во 1977 година со групата „Мадригали“ со песната “Македонија” ја освои првата награда на публиката и првата награда на музичкото списание “Jukebox”.