Кратко за Љупчо, со П или со Б, шојма да ни кажи за него?

Љупчо со П е возрасен чоек, вработен како продавач на нафта и нафтени деривати на бензиска станица. Чоек шо го сака живото, градо кај шо е роден и пораснат и фамилијата од која е дел.

Кога се почетоците на Љупчо во македонскиот етер и дали со аудицијата за К- 15 започна се или не?

Точно е дека се започна со аудицијата на К 15 во Битола , на 01 Мај во далечната 2009 та година. Од тогаш, мојот живот се смени на поарно.

Како си помина во К 15 и дали дадоја некогаш регрес за годишен одмор?

Во К 15 дадоја се буквално се, то е фирма каква шо поќе никогаш нема да има кај нас. Од многуте работи шо ги дадоја, ќе издвојам и платен годишен летен одмор во соседна земја и ред други бенефити за кои други работодавци можат да сонват.

Какви се Миле, Тошо, Цацко одблиску?

Миле Тошо и Цацко се луѓе и за одблиску и за оддалеку, луѓе шо го живеат живото лесно, едноставно, шо го имат и негуват детското во нив и шо се фер и другари вистински, без пресметки, без интерес и без камати.

Сега Љубиша е присутен на неговиот официјален Фејсбук и Инстаграм профил со кратки видеа. Озбилно, шо ти текна по толку време да ни го разубавиш секојдневието и да ни го подобриш расположението?

На инстаграм мојот нов профил, mr. ljube место кај шо се изразвам слободно кај шо веќе за месец дена се собра публика од 5000 и кусур луѓе, шо е едно сериозно гласачко тело во политички жаргон, за теми од секојдневието кои сум ги доживеал на своја кожа или пак сум бил нем сведок од страна. Форматот е кратки видеа, мислам дека сега бил момент пак да се вратам иако често ке ми се свртела мисла в гла, ама пак друга мисла ке ја убиела првата во поим со муабетот ” нема место на пазарот за твојата смисла за хумор “.

Сето ова шо сега го творам како поттик е заслуга на мој комшија и другар од детството кој својот пат го однесе во далечната Германија. Тука сум дел од креативен и реализациски тим од 3 – ца некогаш 4 – ца луге. Благодарен сум и среќен ако навистина го разубавувам вашето секојдневие, а исто времено и го подобрувам вашето расположение. За мене најголема победа се секојдневните позитивни коментари од мои сограѓани и луге од други градој и места без разлика на возраст, пол, национална, верска и политичка припадност. Да бидам искрен и негативните коментари ми значат, во смисла дека и тие шо не ги бендисва то шо го прам од било која причина, сепак ме гледат и допрва ќе ме гледат – 😃.

Женет, татко на едно дете, на пат е уште едно, со лес да е, каков сопруг, татко е Љупчо во секојдневниот живот, дали периш, пеглаш исто како ние подока шо прајме, дали знај Љупчо да изненади со доручек во кревет, ручек и нешто запалени свеќи со цветови од ружа во када полна со вода?

Женет, посветен татко на едно прекрасно женско дете, точно на пат е уште едно, сега се ќе е полесно, без лажна скромност, внимателен сопруг, шо мети, пегла и џогира низ дома како поќето мажи. Јас сум против доручеците во кревет, лесно се валка а после тешко се чисти, така да поќе сум за доручек и муабет на маса. Ручек многу ретко, не ме бидва за в кујна, трапав сум, аљкав и поќе ке напрам зијан од колку ручек в кујна и така сум прифатен.
Запалени свеќи и цветови од ружа в када то се е убо ама ние немам када со туш кабина сме така да…

Шо да очекуваме понатаму и кои се твоите планови, според глумата можи и да се испроба Љупчо на пример во политика каде моментално се најголемите глумци, лажговци и манипулатори па нема да биди тешко?

Понатаму планирам уште многу нови видеа, многу време ќутев и имам многу за кажвање, така да “врзете се”. Во политика нема да можам, таму често глумата е на почеток, како фаза, после настапва период на патологија во кој се заглавува и тешко се излегва од таја состојба на свест ,се дури не се смени партијата која е на власт и позицијата која ја посакуват, ја фаќат и ја држат најцврсто од сѐ во живото.

Која е твоја неостварена желба и визионерски каде се гледаш за 10 години?

Неостварени желби имам многу, штом остварам една барем од многуте јас ќе ве барам да ви раскажам. За 10 години не се гледам, далеку е, ваљда сум кратковид околу тие визионерски погледи. Благодарен сум за дадениот простор, овие лесни и убај прашања и за секоја ваша поддршка. До наредна прилика ве поздравувам.