Со цел “Љубов кон книгата, почит кон читањето” , учениците од 8 и 9-то одделение од ОУ Тодор Ангелевски, успеаја да ја промовираат својата желба, ентузијазам кон широкиот спектар на книги кои ги негуваат уште од мали нозе. Децата- учениците се промовираа со своите изработки на драматизации, презентации, интерактивни работилници, збогатени со едукативни игри да ја прошират магијата наречена ,,Центар на сите светови”!
Благодарност до одличниот едукатор Мартина П.Дурланова која на учениците им ги рашири видиците за поубаво утре.
Благодарност и до наставниците по македонски јазик Дијана Лозанова и Адриана Ѓоргиев кои несебично се залагаат за успехот на учениците.