Запознајте ја Ангела Илиевска од Битола која има 15 години и учи во Државното средно музичко училиште во Битола. Музиката е нејзина прва зацртана точка, обожава да пее, да се дружи и да стекнува нови пријателства.
Нејзината песна е преработка од песната “Љубовта е моја религија” од Каролина Гочева и е една од нејзините омилени песни.
“Оваа песна ја пеев на фестивалот Тра ла ла во Охрид. Се надевам дека ќе Ви се допадне на сите. Песната е направена со голема помош на мојот татко Игор Илиевски од група Фонтана, снимена во нашето студио, додека спотот е снимен во Грција и има дел од фестивалот. Каролина е мојот идол и инспирација. Сакам да изразам голема благодарност до Александар Миленкович од Белград кој го збогати мојот спот со убави кадри.”