Неделата на 4-ти Октомври во кафе Везилка, Безистен, се одржа настан за поттик и поддршка на работилницата каде г-ѓа Снежана Танчевска во повеќе сфери неуморно работи и ги образова младите креативци да се осмислат и пронајдат себеси за најдобро да се изразат, давајќи им неограничено време и простор.
Затоа јас Елица Марковска Стаманџиоска како поетеса која зад себе има веќе две стихозбирки “Розов порок” и “Авантури во беспаќе”, гледајки ја огромната библиотека во Везилка,
предлозив литературно читање од поеминентни и плодни автори кои со нивните дела ќе ги поттикнат младите литерати да земат учество и да работат на ова културно поле за кое семејството Танчевски сесрдно им го отстапува времето и просторот.
Сите можности кои им се даваат на децата за везење, сликање, цртање, а еве сега и литературно творење означува грижа, љубов, трпение и нивно културно унапредување и експонирање.
Многу учесници намерно немав повикано бидејки ситуацијата е таква каква што е, но точно знаев кој ќе ја даде поддршката за ова творештво кое е и наше културно македонско наследство.
Учесници беа: Снежана Паноска со нејзината книга раскази и детската поезија во книгата “Светулки”, Јасмина Христоска која во својата книга “Предизвиците на мојот редок свет” смело ја опишува борбата на лицата со ретки болести низ институциите барајќи ја правдата за лицата со хендикеп и нивното место во општеството.
Марина Стојановска со својата книга и навидум детска поезија но со пораки кои се свртени кон возрасните, со стаж од една година како водителка во Радио Битола. Мирко Томовски кој има поширок опус се претстави со една детска песна и мадмозел во која кавалерството во младоста и во староста не е исто но останува кавалерство.
Митко Кољуновски со песната “Чајник” не врати во времето кога беше чест и задоволство да се пие чај, а чајникот денес е само спомен на едно време и јас со песните “Емпатија” и “Патоказ” од мојата 3-та стихозбирка.
Имавме гости од разни бранши и тоа од Владата Весна К. Чагорски, преставничка од Вешта жена гастроном и кувар Биљана која со своите хранливи ракотворби се бори против ракот и во тек е книга со нејзини рецепти. Овој настан и не беше така голем, но е прв од ваков карактер и се разбира нема да биде последен.
Се надеваме на поголем одзив а може и манифестација “Со љубов за Битола”. Заборавив да кажам емпатијата е доблест која ако не е родена во тебе нити можеш да ја купиш нити ко наметка на себе да ја носиш…довршува Елица на крајот од нејзиното излагање.