Циклонот БРУНО во најголем дел од државава услови поројни дождови и силни електрични празнења.

Најмногу дожд наврна во јужниот дел од државава (дури околу 50 литри).

Понатаму претстојната ноќ температурите на воздухот дополнително ќе опаднат, а врнежите во поголем дел од државава ќе се намалат и престанат и облачноста делумно ќе се намали.

До раните утрински часови од утрешниот вторничен ден температурите на воздухот ќе се спуштат во интервалот од 10 до 19 степени додека нагли и поголем скок на истите веќе ќе има во текот на денот кога ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, за Битола и битолско до 30. Се работи за нагли скок на температурите дури за 10 до 15 степени што е премногу.

Во наредните денови истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.

Сето ова МНОГУ ЛОШО ќе влијае кај поголем дел од граѓаните па така истите понатаму ќе почувствуваат како тежина во телото и главата, кај некои пак е можна и повремена нервоза и главоболка како и болка во коските и на местата од старите рани, а кај некои е можна и поспаност или пак несоница.

НАПОМЕНА: Пред нас е нова и многу нагла промена на времето како и многу мачно време.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here